28 Март, 2024
0.0274

Охридска банка Сосиете Женерал со нов кредит за енергетска ефикасност

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал, во своето кредитно портфолио воведува нов А++ кредит, наменет за финансирање на енергетско ефикасни производи за домот. А++ кредитот, е дел од кредитната линија од програмата за финансирање на зелена економија во Западен Балкан (Western Balkans Green Economy - GEFF), поддржана од Европска Унија, со која Европската банка за обнова и развој (EBRD) поддржува и финансира инвестиции и проекти за енергетска ефикасност на домаќинствата во Македонија. 

А++ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите да набавуваат производи и да инвестираат во технологии со повисоко ниво на енергетска ефикасност, што придонесува за создавање на енергетско ефикасен дом. Со имплементација на технологиите поддржани од А++ кредитот клиентите ќе заштедат на енергија и ќе ги намалат своите трошоци, а истовремено ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот и животната средина. Главна карактеристика на А++ Кредит е повратот на средства кој го добиваат корисниците на кредитот, кој достигнува и до 20% од вкупната вредност на инвестицијата.  Кредитот е со каматна стапка од 5,5% и нуди можност за вклучување на кредитно животно осигурување, што дава дополнитен бенефит за клиентите. Овозможениот поврат на средства од 20%, ја прави оваа кредитна линија, привлечна и исплатлива за сите оние кои планираат да инвестираат во својот дом, набавувајќи производи со повисоко ниво на енергетска ефикасност. Така, во голем број случаи, вредноста на повратот на средствата може во целост да ја надомести вкупната камата за кредитот.. Процентот на поврат на средства за вкупната инвестиција на клиентот, зависи од видот на производите и/или технологиите кои се купуваат. 

Начинот на пресметка, односно процентот на поврат на средства, може да се прочита на следниот линк: http://technology-mk.ebrdgeff.com/ 

Со воведување на  А++ Кредитот во своето кредитно портфолио, Охридска банка

Сосиете Женерал и понатаму продолжува да делува како општествено-одговорна компанија која преку низа различни проекти и активности настојува да влијае на подигнување на еко свеста како и унапредување на животната средина. 

Повеќе информации за А++ Кредитот и за останатите производи на  Банката може да најдете на www.ohridskabanka.mk или во експозитурите на Банката ширум земјата. 

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија