29 Март, 2024
0.0285

Охрид СОС со драматичен аларм - новиот закон за легализација на дивоградби е штетен

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Еколошкото здрожение Охрид СОС излезе со аларм во јавноста. 

Тие на својата фејсбук страница предупредуваат дека утре на седница на Владата ќе биде разгледан новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби, кој, според нив, се очекува да се усвои до крајот на годинава.

„Последната достапна верзија од измена и дополна на законот е од 25 октомври 2019 година, каде што освен енормно намалување на глобите за прекршување на законот, нема никакви посебни измени, особено не поврзани со Охридскиот Регион! Тоа значи дека новиот Предлог-закон воопшто не е ни поставен на ЕНЕР! Јавноста е целосно отсечена и целосно ѝ е одземено правото да учествува во процесот на усвојување на еден од најштетните закони во Македонија! Затоа, бараме веднаш да биде јавно објавен новиот предлог-текст!“, пишуваат од Охрид СОС.

Го предупредуваат Министерството за транспорт и врски дека доколку предложи носење на законот по итна постапка во Собранието, ќе го прекрши чл. 170 од Деловникот на Собранието на РМ имајќи ја предвид комплексноста на законот и последиците кои би можеле да произлезат од неговото спроведување.

„Прашуваме, колку градежни инспектори (и општински и државни) во моментов имаат надлежност над Охридскиот Регион и на кој начин се определува нивниот број? Имајќи ја предвид исклучителната вредност на Регионот, бараме зголемување на бројот на градежни инспектори што активно работат на терен во корист на јавниот интерес и во служба на законите со цел бесправното градење да се сузбие наместо да се озаконува. Во продолжение само три клучни од низата дилеми поврзани со нетранспарентниот процес на усвојување на законот. Прво, ако овој закон нема да важи за Охридскиот Регион, тогаш кој закон ќе важи? Второ, како ќе се третираат новоподнесените барања за легализација во Охридскиот Регион од 01.01.2019,  имајќи предвид дека со актуелниот закон се опфатени само барањата до 31.12.2018? И трето, охридскиот УНЕСКО Регион се протега на територија на три општини, но не ги зафаќа во целост. Како ќе се регулира легализацијата во овие општини во деловите надвор од УНЕСКО Регионот без да настане хаос поради грешки или манипулации?“, прашуваат од Охрид СОС.

До ресорот за транспорт овој дошис тие го испратиле уште вчера, а денеска и јавно го објавуваат.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара