Огромна сума пари е потребна за санација на штетите од поплавите во Венеција
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2019
Повеќе од 20 милиони евра ќе бидат потребни за санација на штетите од поплавите во Венеција.
Толку издвои владата откако е прогласена вонредна состојба.
Градоначалникот Луиџи Брунјаро рекол дека штетата во само еден ден пораснала на скоро милијарда евра и најавил дека ќе отвори фонд за обнова, во кој сите ќе можат да уплатат.
Во четвртокот морето поплави 70 проценти од градот, а во петок на сила беше црвен аларм за очекување на нови поплави и силни ветришта.
Министерот за култура Дарио Франческини го посети градот и се согласи дека задачата за обнова на градот ќе биде голема.