ОГРОМЕН ПОЖАР КАЈ АТИНА: Авиони, хеликоптери и 160 пожарникари се борат со огнот во планина
Објавено во: Балкан 15 Септември, 2019
Повеќе од 160 пожарникари се борат денес против големиот пожар кој избил во планината околу 60 км од Атина, а го поттикнуваат и силни ветрови, јавија грчките медиуми.
До пожарот дошло синоќа во планините над летувалиштето Лутраки, западно од главниот град.
-Огнот гори близу до врвот на планината. Се обидуваме да го ограничиме периметарот но теренот е многу нерамен, со многу провалии-кажал помошникот на шефот на операцијата за ЕРТ.
Четири авиони за гаснење пожар и шест хеликоптери учествуваат во овие операции.
Поради недостаток на пристапни патишта две групи на пожарникари се превезени на врвот на планината со хеликоптер.
Властите евакуирале 50 луѓе од еден манастир кога избил пожарот а ниедно друго население или област не се загрозени.
FOTO: EPA / VASSILIS PSOMAS