08 Декември, 2024
0.0328

Ограничување на маржи ќе има, подотоворени врати за корекции на Законот за нефер трговски практики

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Владините мерки за ограничување на маржи ќе продолжат, но се подотвора вратата за разговори кои би придонеле за можни измени на делови од Законот за нефер трговски практики. Ова се главните заклучоци од панел-дискусијата на 10 FMCG SUMMIТ.

На вчерашниот 10 FMCG SUMMIT, во организација на Кликер маркетинг и магазинот InStore, се одржа панел-дискусија на тема Како до FAIR PLAY во малопродажниот сектор? Своите мислења, коментари и решенија ги споделијаМарјан Ристески, заменик-министер за економија, Виктор Петков,  генерален менаџер и сопственик на „Випро“, Џемаил Даути, генерален директор на „Даути комерц“ и Драган Иванов, генерален менаџер на ЛКА. Покрај панелистите, свое мислење, преку спроведена онлајн-анкета, дадоа и другите учесници на самитот.

Претставниците од секторот со конкретни аргументи го искажаа незадоволството од владините мерки за ограничување на маржи. Според нив мерките немаат ниту социјално, ниту економско влијание, а дополнително не ги намалуваат крајните цени. Тоа го покажаа и бројките од последната потрошувачка кошница. Сепак, според заменик-министерот Ристески, треба да се слушне мислењето на граѓаните, треба да се мисли на нив и да се направи сè за намалување на цените.

Претставниците на секторот, панелистите, но и испитаниците преку онлајн-анкетата, се согласија дека е потребен Законот за нефер трговски практики, но од друга страна сметаат дека нема да ги даде очекуваните резултати. Причината ја гледаат во недоволно јасно формулираните членови од законот. Предизвици во работењето од овој закон, кои беа истакнати:

·  Страв дека Комисијата за заштита на конкуренцијата навистина ќе може добро да го регулира овој закон;

·  Неможност да се направи поврат на производи кои се купуваат на дневна основа што може да придонесеза out of stock и директна загуба и за двајцата партнери (производител и продавач);

·  Со забраната за маркетинг-активности се нарушува главната алатка за промоција на производите, но и се намалува можноста за промоција и развој на нови производи;

·  Предвидениот рабат од 10% на одредени производи е штетен за трговците.

Панелистите, и секторот и заменик-министерот, се согласија дека Законот за нефер трговски марки е донесен за да ги регулира односите меѓу играчите во синџирот на снабдување, но не и заради намалување на цените за крајните потрошувчи, како што претходно беше најавувано. Законот е добар, но треба да се земат предвид техничките недоследности за да може добро да функционира. Токму затоа, заменик-министерот Ристески, најави дека до Нова година ќе се врши мониторирање и остава подотворена врата за да се слушне гласот на секторот.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје