Официјални резултати: СДСМ 245, ВМРО-ДПМНЕ 149 во Теарце, мандатите исти
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Државната изборна комисија на својата веб страна ги објави резултатите од прегласувањето во Теарце на избирачкото место 2011 според кое нема да дојде до промена на пратеничките мандати во Изборната единица 6 и во вкупната распределба каде ВМРО-ДПМНЕ е победник со 51 мандат, а зад нив е СДСМ со 49 мандати.
Во Теарце гласовите се следни: СДСМ 245, ВМРО-ДПМНЕ 149, ДПА 1, ДУИ 1, ВМРО за Македонија 2, Алијанса за Албанците 1. Се чека само ДИК јавно да излезе на прес конференција и да ги соопшти резултатите и официјално да заврши овој изборен циклус.