Одземена нотарската лиценца на Антонио Милошоски
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020
Министерството за правда му ја одзеде нотарската лиценца на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, односно е разрешен од нотарската служба, објави а1он., откако не поднел барање за ставање во мирување на службата додека е народен избраник.
Нотарската служба му била ставена во мирување откако поднел барање за тоа како новоизбран пратеник по парламентарните избори во 2016, но не го сторил истото со новиот пратенички мандат по парламентарните избори годинава на 15 јули.
Собранието го донесе и новиот Закон за нотаријат, во кој не постојат одредби според кој може да има „мирување во службата“ и нотарската служба е неспојлива со вршење на друга платена јавна функција.
Поранешниот минситер за надворешни работи нотарската лиценца ја стекна во 2016.