Одземен пасошот на Ременски
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
Судот го прифати барањето на јавното обвинитилство за продолжената истрага на случајот „Рекет“ и на подпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, и го одзеде пасошот, и забрани да го напушта Скопје и наложи еднаш неделно да се потпишува во судот.
Според Јавното обвинителство, Ременски со нејзиното присуство на средбите кои Бојан Јовановски бил користена за убедување на бизнисмените да поверуваат во наводните проекти на Меѓународниот сојуз.
Истите мерки на претпазливост се бараат и од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, и од неговата асистентка Кристина Карајованова. За потпретседателката на сојузот, Јасна Мандиќ, веќе е одреден куќен притвор.
Боки 13 сторил измама, и ги перел парите од ГП „Пелистер“ , 720 илјади евра кои стаселе на сметка на пензионерката Лилјана Тодорвска, додека 233 илајди евра од „Дрим Билдинг” Струга ги примила сега осомничената Јасна Мандиќ.