18 Април, 2024
0.0266

Одржливиот развој на државата низ призма на образованието

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Одржливиот развој на државата и образованието не смеат да се гледаат како два различни процеса. Тие се тесно поврзани и меѓусебно влијаат помеѓу себе.

Кога зборуваме за одржлив развој мора да ги земеме предвид сите сегменти на одржливост на кои влијае образованието. Одржливоста треба да ја поврземе со економската, социјалната и општествената одржливост, како и со заштита на животната средина и нејзината одржливост. Сите процеси на развој се одвиваат во постојното опкружување на глобални промени и мора да бидат во согласност со нив.

Најпрвин, треба да истакнеме дека економската одржливост подразбира одржливост и зголемување на БДП, но истовремено и воспоставена рамнотежа помеѓу понудата на образованието и побарувачката на пазарот на труд. Тоа значи стекнување практични применливи знаења и вештини и создавање на стручен квалификуван кадар што ќе овозможи зголемување на продуктивноста во работењето на компаниите и создавање квалитетен производ. Сето тоа ќе поттикне економски напредок на земјата и конкурентност на домашниот и на меѓународниот пазар.

Социјалната одржливост е насочена кон намалување на сиромаштијата. Тоа се постигнува со стекнување на соодветни вештини за вработливост на лицата и соодветен надоместок за пристојно живеење. Иако образованието има значајна улога во однос на вработувањето, статистиката покажува дека голем број лица на возраст од 15 до 19 години не се вклучени во образовниот систем и покрај задолжителното средно образование. Од девојчињата на оваа возраст, во 2015 година, дури 13,8 %, не се вработени и не се вклучени ниту во процесот на образование, ниту во процесот на обука. Заради тоа, образованието треба да ги следи ваквите состојби и да биде пофлексибилно во однос на нив.

ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА НИЗ ПРИЗМА НА ОБРАЗОВАНИЕТО  Општествената одржливост подразбира вклучување на сите единки во процесите на општеството без разлика на нивната припадност по сите основи,  еднаков пристап до квалитетно образование и вклучување во процесот на доживотно учење, еднаков пристап кон вработување и пристојно работно место за сите.  Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во однос на возраста и полот и средината на живеење, најактивно е населението од возрасната група од 35 до 44 години. Стапката на активност кај жените изнесува 69,4%, додека кај мажите изнесува 93,6 %. Во урбаните средини се забележува поголемо учество на жените во активното население кое изнесува 49,6 %, за разлика во руралните средини, каде стапката на активност на жените е многу помала и се движи околу 38,7 %. Кај мажите ситуацијата е обратна, односно стапката на активност на мажите во руралните средини изнесува 71,4 % и е поголема од стапката на активност на мажите во урбаните средини (66,9 %). Бројот пак на невработени млади лица, според најновите податоци на АВРСМ (состојба на 30.6.2019 година), изнесува 20.671 лице, односно 20,3% од вкупниот број невработени лица. Од нив, најголем е бројот на невработени на возраст од 25-29 години, што претставува 48,0% од вкупниот број невработени млади лица до 29 години. Од аспект на пол, повеќе од половина (52,6%) од невработените млади лица се жени.

Еднаквиот пристап кон работните места значи образованието да биде во функција на економијата и општеството. Образованието да креира квалификации за занимања според потребите на пазарот на труд што ќе овозможат зголемување на вработливоста и намалување на т.н. „сива“ економија. Општествената одржливост и „сивата“ економија не смеат да се доведат под заеднички именител. Но факт е дека во „сивата“ економија постојат занимања кои се потребни, но не се формално одобрени. Класичен пример на тоа се собирачите на отпад. Со оваа работа се занимава 5% од населението. Тие всушност се  вработени, но се` уште во државната евиденција се водат како невработени за да имаат право на здравствено осигурување, не плаќаат придонеси и даноци и влијаат на зголемувањето на „сивата“ економија. Од друга страна, тие се неопходни за заштита на животната средина и нејзината одржливост. Ова е сериозен проблем и мора да се размислува за официјализирање на вакви и слични занимања и дизајнирање квалификации за овие занимања, што ќе обезбеди општествена одржливост.

Одржливоста на животната средина е поврзана со грижата кон средината која не` опкружува. Но мора да бидеме свесни дека економскиот напредок не е секогаш во согласност со постулатите за заштита на животната средина. Затоа грижата за животната средина мора да е вклучена во понатамошното планирање на економскиот раст на државата и реформските образовни процеси.

И за крај, образованието е во сите пори на општественото живеење и е значајно за одржливиот развој на државата. Затоа мора крајно сериозно да се однесуваме при дефинирање на стратегии за образованието, со цел да се овозможи еднаков пристап до квалитетно образование и обука за барани квалификации и вештини.


м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Време е за Велосипед - Пролетна Специјална Понуда на Supermart.mk!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!

Нè очекува раст на цената на кафето, но од традиционалното турско кафе не би се откажале!