19 Април, 2024
0.0263

ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „МАВРОВО - ДЕСТИНАЦИЈА ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ ВО ПОДЕМ“

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во организација на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и Македонска Спортско Качувачка Федерација, се одржа тркалезна маса на тема Маврово - дестинација за спортско качување во подем.

Целта на оваа средба беше размена на искуства и информации во однос на досегашните активности и инвестиции од различните засегнати страни за развој на активниот туризам во Република Северна Македонија, со посебен осврт на спортското качување во Маврово и неколку други локации низ државата, како и дискусија околу потенцијалот и предизвиците за развој и промоција на Република Северна Македонија како туристичка дестинација за спортско качување.

На тркалезната маса зедоа учество градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, претставници од Француската амбасада, претставници на Македонска Спортско Качувачка Федерација и Федерација на планинарство на Северна Македонија, директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, Директорот на НП „Маврово“, Самир Ајдини, претставници од приватниот, невладиниот сектор и јавните институции.

Фото Димитар Попов

На настанот присуствуваа и претставници од Француската качувачка федерација, кои во моментот престојуваат во Република Северна Македонија со цел изработка на нови насоки за качување во околината на Маврово и на неколку други локации низ државата, како и главниот уредник на Grimper, француско списание специјализирано за спортско качување.

Фото: Димитар Попов

Темите на дискусија, меѓу другото, вклучуваа качување по карпи како поттик за развој на туризмот во земјата, безбедност и аспекти на зачувување на животната средина, како и како може да се оствари хоризонтална соработка и координација меѓу клучните засегнати страни. Џонатан Крисон од Француската качувачка федерација, го сподели одушевувањето и привилегијата што Федерацијата ја има да постави нови патеки за качување во Маврово, со висока категоризација, односно професионално качувачко ниво.

Фото: Димитар Попов

„Спортското качување има огромен потенцијал за развој на активниот туризам во нашата држава и е начин да привлечеме што поголем број на странски и домашни туристи, со што ќе се придонесе и за развој дестинациите како што се Маврово, Демир Капија и други. Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ продолжува да соработува со чинители од бизнис секторот и државните институции сè со цел пооптимално искористување на потенцијалот и подобра промоција на нашата држава за да ја ставиме Македонија на светската мапа на дестинации за спортско качување“. – изјави Тања Георгиевска од Швајцарската програма ИМЕ. 

Советникот за култура и соработка при Француската амбасада,г. Емануел Рембер, ги поздрави заедничките активности на Македонската СпортскоКачувачка Федерација  и на Француската федерација за качување и планинарски спортови. „Ова е дел од целите на нашата соработка насочени кон младите, спортот и туризмот во природа“. Тој потсети дека е воодушевен од овој спорт и од бестрашните и мудри качувачи, пред да додаде дека: „Секогаш кога ќе видам качувач, како да гледам гуштер на ѕидот“.

Владимир Трповски, Претседател на Македонската федерација за спортско качувањеизјави дека МСКФ како национална федерација која ги обединува спорткото качување и качувачи, наназад години работи на усовршување и зголемување на потенцијалните места за спортско качувачки туризам. „Во моментот, на гости ги имаме Националниот младински тим при Француска качувачка федерација, кои во улога на млади амбасадори 250 метри долга карпа која беше предизвик за врни качувачи. На таа карпа, францускиот тим отвори осум должини на јаже насока за спортско качување и нејзината тежина ќе ја вброи меѓу најтешките долги насоки за качување на Балканот.“

Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ е имплементирана со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на оваа програма е да обезбеди поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: одржлив агробизнис, активен туризам и ИКТ, а истовремено да се осврне на предизвиците кои го отежнуваат вклучувањето на жените и младите лица во овие сектори. За повеќе инфо: www.ime.org.mk

Автор на фотографиите е Димитар Попов, качувачки водич 

Можеби ќе ве интересира

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024