19 Април, 2024
0.0287

ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА ПО СОЛИДАРНОСТ: Кубанските лекари се борат со пандемијата во повеќе од 60 земји

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Куба е земјата која во време на пандемија се покажа како многу солидарна, со тоа што нивни лекари ширум светот помагаат во борбата со коронавирусот.  Тие не се присутни на Балканот, затоа што такво нешто не е договорено со властите во регионот, но се на првата линија на фронтот од Италија, до Јужна Африка, Азербејџан, Мали и многу други држави.

„Во периодот од март 2020 година - април 2021 година, 57 кубански медицински бригади со скоро 5.000 професионалци, членови на меѓународниот контингент „Хенри Рив“ со медицински специјалисти за ситуации при катастрофи и сериозни епидемии, се присутни во 40 земји во светот кои се соочуваат Ковид-19 пандемијата. Вкупно, повеќе од 40.000 кубански лекари и медицински персонал во моментов се во повеќе од 60 земји. Досега на Балканот сè уште нема кубански лекари. Нивното присуство во која било земја се реализира, пред сè, на конкретно барање за соработка од соодветната земја“, вели за Фактор,  Каридад Јамира Кието Милиан, амбасадорка на Република Куба во земјава. 

Политичарите, но и обичните граѓани во многу земји се благодарни на придонесот кој го дадоа кубанските лекари.

„Живеам во мал северен  град во Италија. Овде е хаос, секој ден броиме мртви. Сум ја посетила Куба пред многу години. Тоа беа 2000-тите. Се сеќавам дека со мојот сопруг отидовме да подариме многу лекарства на неколку јавни болници во Хавана, затоа што само таму фалеа. Не мислев дека сега ќе ни треба помош, ние сме држава во богата Европа, ова ме прави многу тажнa!, вели Рамона Руини од Италија која е многу благодарна за помошта од Куба.

Лекарите помогнаа во Катар, Мексико, Хондурас, Јамајка, Барбадос, Хаити и Белизе.

ОД КУБА МОЖАТ ДА УЧАТ МНОГУ РАЗВИЕНИ ЗЕМЈИ

Оваа земја имаше добар одговор на пандемијата, а извесно време работат на пет вакцини против коронавирусот. Повеќе од 90 отсто од позитивните пациенти се опоравиле. Стапка на смртност од ковид е 0,54 отсто, и е една од најниските во Америка и светот. Не се пријавени починати педијатриски пациенти. Куба има бесплатен, достапен, регионализиран, сеопфатен Национален здравствен систем. Земјата има девет лекари на секои илјада жители.

Кубанската Влада официјално објави дека до крајот на август 2021 година, 6 милиони Кубанци ќе бидат вакцинирани. До крајот на 2021 година целото кубанско население ќе биде вакцинирано и со тоа, Националната кампања за вакцинација ќе биде завршена. Нивен приоритет е да се вакцинираат сите граѓани. И тогаш ќе бидат разгледани барањата за кубански вакцини примени од држави, меѓународни организации и други колеги. Кубанското Министерство за туризам работи на Протоколи за вакцинација на туристите кои патуваат во Куба. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните