26 Април, 2024
0.0277

Одлука на грчката влада: ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на Грција со одлука воведе лимит за цените на тестовите за Ковид-19 со цел да се спречи енормен пораст на профитните маржи.

ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра, додека брзите не смеат да чинат повеќе од 10 евра, јави МИА.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Панајотис Стамбулидис, ова го објави на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, а одлуката е со цел да се спречи профитерството.

„Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните.

По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга“, изјави Стамбулидис.

Инаку во оваа земја цените на ПСР тестовите во приватните лаборатории сега изнесуваат од 70 до 90 евра.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија