ОДЛОЖЕНИ ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Радев повика на промена на процедурите за гласање
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2021
Се одложуваат изборите во Бугарија кои требаше да се одржат оваа пролет.
Претседателот Румен Радев ги одложи парламентарните избори и повика на промена на процедурите за гласање. Радев ги повика претставниците на партијата „Волја“ на консултации. Претседателот на партијата „Волја“, Веселин Марешки, вели дека вакви консултации не можат да се вршат два месеца пред изборите.
Радев распиша избори за крајот на март во декември, но на почетокот на јануари, поради големиот број смртни случаи од Ковид-19, тој нареди да се одложат изборите како мерка против ширењето на коронавирусот.
Македонските власти очекуваа дека нешто можеби ќе се смени по изборите во Бугарија. Но, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева изјави дека ништо нема да се смени, дури може да биде и полошо за Скопје.