23 Април, 2024
0.0276

Одгледувачите на канабис ги молат пратениците - побрзајте со законот, трупаме загуби

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Одгледувачите на канабис за медицински цели од здружението „Макканабис“, денеска повторно побараа итно да се донесат измените во Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, бидејќи, како што велат оттаму, фирмите кои работат во бизнисот со канабис работат со загуба.

Претседателот на здружението, Костадин Дуковски, објаснува дека овие компании бараат во новиот Закон да се дозволи извоз на цвет од канабис, оти само така оние кои вложиле милионски суми во овој бизнис, ќе можат да стигнат барем на нула, а подоцна да остварат и добивка. 

Фирмите со апел и до народните избраници. „Упатуваме отворен апел до сите партии, а најмногу до трите најголеми партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, во оваа ситуација да престанат со ситно политичко профитерство и заедно здружно да се донесе овој Закон, пред да се распишат предвремените парламентарни избори. Остануваат уште две недели“, рече тој.

Според него, Законот бил повлечен од страна на Министерството за здравство со цел да се вметнат и нивните забелешки. Компаниите бараат и можност да се користи делот кој сега се складира како отпад, бидејќи во него ги има потребните состојки за употребата во медицински цели.

„Очекуваме после овој прес трите најголеми политички партии јавно да заземат став дека Законот ќе оди по скратена постапка и дека конечно еднаш сплотено ќе постапиме заедно за доброто на Македонија. Во моментов губат оние кои инвестирале во овој бизнис, илјадниците семејства кој што со примарна и секундарна дејност ќе живеат од бизнисот, а најмногу губи државата, огромни средства кои би се слеале во буџетот“, рече Дуковски. 

Од ова здружение пред нешто повеќе од еден месец протестираа и пред Владата, барајќи итно враќање на Предлог-законот, а во спротивно, големи количини сув цвет од канабис што се во залиха кај лиценцираните компании, ќе завршат во отпад.

„Сите почнаа да инвестираат и веќе имаат сериозни трошоци. Не мора ништо да се менува само ставот каде што треба да се дозболи извозот на цветот. Во ниту една друга држава - Грција, Малта, Шпанија, Португалија нема такво нешто, да може да се произведува а да не може да се избезува цветот. На странските инвеститори им беше кажано дека законот ќе се промени“, изјавија тогаш од „Макканабис“.

Реакцијата на „Макканабис“ дојде откако законот се врати на доработка во Министерството за здравство, по забелешките упатени од граѓанската иницијатива „Операција Билка“, кои се побунија што законот беше ставен на усвојување по скратена попстапка, иако во него забележале пропусти. Ја повикаа и Државната комисијата за спречување на корупција да го истражи начинот на донесување на законот. Министерот за здравство, Венко Филипче, пак, претходно изјави дека законот повторно ќе се пушти во процедура, но откако ќе се  усогласат сите страни.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП