19 Април, 2024
0.0240

Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На 18 октомври (петок), во 10:00 часот, во Порта Македонија, се одржа официјално обраќање со цел одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и претставување на почетокот на веб Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца.

Нашата земја се смета за земја на потекло, транзит и крајна дестинација за жртви на трговија со луѓе, а недостигот на свест и информираност во однос на ризиците поврзани со миграција и достапните заштитни мерки помеѓу ранливите категории е сеприсутен.

Кампањата се спроведува во рамките на проектот “Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе ” кој е финансиран од Европска Унија и кофинансиран од Фондот за развој на ИОМ, а е имплементиран од страна на Меѓународната Организација за Миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Целта на оваа кампања е сензибилизирање на широката јавност и медиумите, како и високо-ризичните категории, за ризиците поврзани со миграција, со фокус на трговијата со луѓе, и подобрување на свеста за опасностите кои произлегуваат од истите, како и информирање за начини на кој може да се пријави експлоатација и да се побара помош.

Официјалното обраќање го имаа:

-  Г-ѓа Магдалена Несторовска – Државен секретар при Министерството за внатрешни работи и Национален Координатор на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција,

-  Г-ѓа Јована Тренчевска – Државен секретар при Министерството за труд и социјална политика,

-  Г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска – Раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции - ИОМ Скопје.

По официјалното обраќање следеше презентација на информативното видео кое е дел на кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година