04 Јули, 2020
0.0203

ОД ЖИВА МУЗИКА, ДО ИГРАЊЕ НА МАСИ И ГУШКАЊЕ - Пауновски разочаран од локалите, од вечерва ќе заиграат и казни

Објавено во: Економија 29 Мај, 2020

Од денеска казни за угостителите кои не ги почитуваат протоколите за работа, а кои се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните.

Ова го најави Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој рече дека она што било најавено, а тоа е дека првите денови ќе има опоменување, од денеска ќе мора да се смени со казнување.

„На терен забележавме дека најголем дел од угостителите се придржуваа до протоколите, Но, некаде, кај поголем број, затекнавме и еден вид, наместо да се почитува олеснување на мерките, како сите угостители да мислеа дека комплетно сме ослободени од вирусот. Да искажам огромно разочарување и од уготителите, и од посетителите“, рече Пауновски.

На терен видовме, а и вие медиумите имате докази, рече првиот инспектор, дека нашите инспектори наидуваа и на понижување. Тој кажа дека на инспекторите угостителите им велеле „едуцирајте не и напуштете го локалот“.

„Тоа е крајно неодговорно и од посетителите и од угостителите. Некои во целост не ги почитуваа сите точки од протоколите. Совеста и свеста беше на крајно ниско ниво и на дел од посетителите и на тие што ги управуваат објектите. Совеста и дистанцирањето е за нивна заштита“, рече Пауновски.

Во локалите, рече првиот пазарен инспектор, имало - од жива музика, играње на маса, па се до гушкање еден со друг. 

„ДПИ ќе излезе, од денес, и секаде каде ќе има нарушување и непочитување на протоколите, ќе изрекуваме казни, според членовите 205 и 206 од Уредба на Владата. Ги замолувам сите угостители да пазат на почитување на протколите, тие се применливи, се работи за здравјето. Инспекторите се и ќе бидат на терен и сабота и недела и навчер, и за секое нарушување на протоколите, ќе постапуваат и со казнени мерки. Оние кои се сопственици на локалите треба да ги менаџираат и организираат сите овие протоколи, друг нема право да им се меша“, нагласи Стојко Пауновски.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И препакувана морска риба е македонски производ

И препакувана морска риба е македонски производ

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay