Од утре е задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јули, 2020
Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести и од утре е задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија.
Од утре за влез во земјава од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да се приложи негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
„Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот“, информираат од Владата.
Во регионот расте бројот на заразени.