Од Стефанова „и се крена“ косата, како ќе помине Катица по сведочењето на Рустеми
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020
По вчерашното бурно случување во судот, денес пред очите на Катица Јанева како сведок излегува обвинителот Бурим Рустеми.
Тој ќе биде третиот запишан обвинител - сведок кој ќе се соочи со поранешната колешка Катица Јанева која е второобвинета во случајот „Рекет“ која се гони за „примање награда за противзаконито влијание“ но и за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, вчера на Јанева и се споија жиците па изреагира бурно и ја нарече со погрдни зборови при што беше отстранета од судницата.
Да потсетиме дека прв обвинет во овој судски процес е Бојан Јовановски познат како Боки13 и тој пред лицето на правдата одговара за „перење пари и други приноси од казниво дело“.