25 Април, 2024
0.0267

ОД СКОПЈЕ ДО ГОСТИВАР И ОД ПРИЛЕП ДО МАКЕДОНСКИ БРОД: Лекари живеат во еден, а работат во друг град

Објавено во: Економија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Во Македонија дел од лекарите патуваат  и по 60 километри за да стигнат на работното место во соседниот град.

Како и сите останати, и тие не секогаш успеваат да се вработат во местото каде живеат, па мораат да патуваат до друг град за да си обезбедат егзистенција. Лекарите сами ги покриваат трошоците за пат, кои и не се така мали за македонски услови.  Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) објаснува дека порано имало повеќе лекари кои функционирале на ваков начин, но сега бројката е намалена поради одливот во странство.

„Има такви моменти кога матичен доктор живее на едно место, а работи во друг град и оваа појава не е ретка. Борбата да се дојде до свое место под сонцето е тешка. Имаме докторка од Охрид работи во Струга, докторка од Скопје работи во Гостивар, од Прилеп во Македонски Брод, доктор од Велес работи во Градско и секојдневно патуваат. Бројот на вакви случаи беше поголем, но голем дел од тие доктори или заминаа од државата или си бараат работа во јавно здравство, каде некој друг ти обезбедува превоз и трошоци за превоз. Долги години никој не прифаќа суштински барања на матичните доктори“, вели Чолакова Дервишова.

Лекарите сметаат дека во иднина младите нема да сакаат да го работат истото, туку ќе бегаат во странство, каде условите се подобри, а платите повисоки.

„Веќе 15 години патувам од Велес до Градско. Прво патував комбинирано, а сега поради пандемијата тоа е невозможно и одам со сопствено возило на работа. Во два правци дневно поминувам околу 60 километри. Со комбиња патувањето е малку покомплицирано, затоа што превозот не доаѓа кога ќе завршам со работа, туку мора да се чека, се губи време“, раскажува доктор Тодор Кичуков.

Феризад Хаџиреџа од Дебар, вели дека порано работела во рурални средини, но сега кога е при крај на кариерата и не би прифатила такво нешто.

„Сум работела во селото Могорче. Натаму патував со автомобил, а за назад пеш до главниот пат и оттука со комбе се враќав во Дебар. Беше тешко навистина. Работата не е проблем, работата е иста и во градот и во селото, но проблем е патувањето“, рече таа.

Додава дека и денес има лекари кои од Дебар патуваат на работа во околните села или во соседен град. Доктор Ајредин Камиловски од  Могорче, работел во Дебар, но извесно време поминал и во селото Ростуше.

„Секако дека е најдобро да се работи во местото на живеење, но доколку треба да се работи во друго населено место, секој лекар треба да си направи пресметка дали тоа ќе биде исплатливо“, вели Камиловски.

Иако Могорче е неговото постојано место на живеење, сега престојува и работи во селото Новак во Центар Жупа, инаку вели дека да се патува секој ден не е исплатливо.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?