ОД ШТО ПОЧИНА БЕБЕТО ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СЕЛО КАЈ ВРШАЦ - еве што покажа обдукцијата
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2020
Брзата помош од Вршац пријавила во полиција дека едномесечно бебе е пронајдено мртво во куќа во селото Загајица, пренесуваат медиумите.
Според нив, дежурниот лекар за брза помош ја констатирал смртта и утврдил дека нема повреди на телото што би индицирало дека станува збор за насилна смрт, но сепак, обдукцијата утврдила дека смртта е насилна.
Заменик-обвинителот во Панчево нареди обдукција на телото, со што се утврди дека смртта на бебето е насилна и дека се случила поради насилно механичко задушување, пренесуваат медиумите.
За случајот е известен дежурниот заменик на Вишото јавно обвинителство во Панчево, кој наредил да му бидат доставени последните сознанија од обдукцијата, по што ќе бидат преземени понатамошни постапки.
Медиумите јавуваат дека таткото на детето има 28, а мајката 17 години.