ОД НИШТО НАПРАВИЈА НЕШТО: Беше напуштено училиште, а сега е место каде луѓето сакаат да живеат
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2023
Пријатели направија луксузен станбен комплекс од напуштено училиште.
Во 2019 година, тројца другари решиле заедно да купат напуштено средно училиште во Пенсилванија за 100.000 долари. Од него направија комплекс со 31 стан. Џеси Виг, Адам Колучи и Ден Спанович се нафатиле на овој необичен проект, верувајќи дека можат да направат нешто ново.
„Запознаен сум со училиштето и да бидам многу искрен, не бев сигурен што ќе биде најлогично да се прави со зградата, но за цената морав да го добијам и се надевав дека ќе најдеме добра опција во иднина“, изјави Џеси Виг, кој е и агент за недвижнини.
По 6 месеци, сите станови се издадени. Добивките и расходите се поделени помеѓу сите тројца партнери. Потоа тие купија и друго напуштено училиште во близина во август 2020 година и него планираат да го реновираат.