Од Макстил потврдија дека има четворица повредени работници
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2019
Од челичарницата Макстил го потврдија инцидентот што денеска во раните утрински часови се случи во производниот погон.
„Утринава во 6:50 часот во погонот Челичарница на Макстил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот. При тоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор. Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините,„соопштуваат од Макстил.
Еден од повредените е задржан на КАРИЛ.