19 Април, 2024
0.0347

ОД ЛУКСУЗ ДО ПРОГОН Која е последната кралица на Иран и зошто нејзината слика ја носат демонстрантите во Техеран

Објавено во: Стил 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во последните денови, за време на насилните протести на улиците на Иран, многу од машките и женските демонстранти беа видени како носат портрети на Шах Мохамад Реза Пахлави и неговата вдовица Фарах, последната кралица на Иран.

Таа посебно внимание привлече поради тоа што никогаш не се покривала со хиџаб и што се облекувала во вестерн стил. Затоа ја нарекуваа Џеки Кенеди од Блискиот Исток

Мохамед Реза Пахлави, последниот крал на Иран, бакнуваше многу познати убавици од своето време, а се шпекулираше и за неговите врски со холивудските убавици. Познато е дека тој се женеше три пати - прво беше во деветгодишен брак со Фавзија од Египет, потоа седум години со Сораја Едфандијари-Батјари, а во 1959 година и рече „да“ на Фарах Диби.

Фарах е родена во 1938 година во Техеран, во семејство кое припаѓало на високата класа. Таа беше единственото дете на капетанот Сохраб Диба и неговата сопруга Фариде.

Се школувала во престижно италијанско училиште во Техеран, по што го продолжила образованието во француските институции. Уште од детството се издвојувала како одличен спортист, пред се во кошарка, а по завршувањето на студиите отпатува за Париз, каде студира архитектура.

Во тоа време, многу ирански студенти добиваа државни стипендии за студирање во странство, а шахот Мухамед Реза Пахлави често имаше средби со млади луѓе од неговата земја за време на официјални посети на странски земји. За време на еден таков прием во Париз, тој ја запознал младата Фарах, а штом таа се вратила во Париз, започнала врска со кралот. Наводно, сè договорила ќерката на Шах, принцезата Шахназ, а парот веста за свршувачката ја објавила во ноември истата година.

Фарах и Мухамед Реза Пахлави веќе се венчаа на 20 декември 1959 година, само една година откако тој се разведе од втората сопруга Сораја.

Нивната венчавка побуди голема љубопитност кај светските медиуми бидејќи венчавката беше спој на традиција и западни обичаи, а невестата носеше венчаница дизајнирана од Ив Сен Лоран, тогашниот креатор на модната куќа Диор. На нејзината глава блескаше тиара украсена со многу дијаманти, од кои најголем е розовиот камен Нур-ул-Аин, еден од најголемите на планетата.

По нивната венчавка, почнаа да кружат гласини дека парот нема да може да има деца, а особено се загрижуваше дали кралот конечно ќе добие син. Од претходните два брака имал само едно дете, ќерката Шахназ, која не можела да го наследи тронот. Притисокот врз младата Фарах бил голем, но во октомври следната година го добиле синот, принцот Реза Пахлави од Иран, по кој се родиле принцезата Фараназ, принцот Али Реза и принцезата Лејла.

Фарах Пахлави се издвојуваше од тогашните жени во Иран, а особено беше заинтересирана за уметноста, поради што вложи многу во својата колекција на современа уметност. Така купила дела од Реноар, Гоген и Ворхол за три милиони долари, а посебно внимание привлекла поради тоа што никогаш не се покривала со хиџаб и што се облекувала во вестерн стил. Поради ова, таа беше наречена Џеки Кенеди од Блискиот Исток, а Енди Ворхол дури отпатува во Иран во 1976 година само за да го направи портретот на Фарах.

Сепак, три години подоцна, следеше - Иранската револуција. Сè поавторитарниот крал го укина повеќепартискиот систем и насилно индустријализираше големи делови од земјата. За Иран, соборувањето на монархијата и целосната револуција значеше промена на многу правила и живот според шеријатскиот закон, а за Пахлавиите живот во егзил. Прво, кралот и неговите роднини се преселиле во Египет, каде што Мохамед Реза Пахлави починал следната година, а потоа се преселиле во Америка.

Фарах Пахлави и денес живее во Америка, но никогаш повеќе не стапнала во Иран. Животот го продолжила во многу поскромни услови отколку што била навикната, а во 2004 година објавила мемоари наречени „Истрајна љубов: мојот живот со крал“, во кои пишува за своето семејство и за врската со нејзиниот покоен сопруг.

Посебен удар за неа беше смртта на нејзиното најмало дете, ќерката Лејла, која се предозирала со апчиња за спиење во 2001 година.

Фото: Принтскрин/Пинтерест

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре