29 Март, 2024
0.0261

ОД КОНФЕКЦИЈАТА ТИ СТАЈЛ УШТЕ 4 ПОЗИТИВНИ: Градот Штип презема мерки за заштита за да не излезе заразата од контрола

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Уште четворица вработени во штипската конфекциска фабрика Ти Стајл се позитивни на корона вирусот, а се чекаат резултати на уште неколкумина работници, потврди за Фактор, градоначалникот Благој Бочварски. Еден од тестираните е негативен на Ковид-19, вели тој, нагласувајќи дека градот ги презема сите мерки за безбедност и заштита од инфекцијата. Бочварски се надева дека и по укинувањето на полицискиот час, граѓаните ќе останат дисциплинирани и совесни.

-Во моментов имаме 75 луѓе во самоизолација. Бројот не е за занемарување, но на почетокот на епидемијата таа бројка изнесуваше дури 250. Јас сум навистина презадоволен што граѓаните на Штип, првиот удар на пандемијата го дочекаа многу дисциплинирано. Апелирам и се надевам дека и сега нивното однесување ќе биде на ниво на задачата, бидејќи, како што и до сега многупати каѓувавме, тоа е и за нивна безбедност и за безбедност на најблиските. По појавата на заразени во конфекциската фабрика, ние реагиравме навистина брзо. Веќе поделивме 500 заштитни маски на вработени во штипските конфекции, а истовремено, градот започна со дезинфекција на влезовите на фабриките, изјави за Фактор Бочварски.

Тој вели дека Градот Штип се понудил доколку е потребна помош, да направи и дезинфекција на превозните возила со кои патуваат работничките до фабриките, но како што вли, станува збор за големи превозници-компании кои тоа сами го прават. 

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница