29 Јануари, 2020
0.0263

Oд која локација во Скопје се вршело прислушкувањето?

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019

Се прислушкувало и од локација кај Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. 

По насоки на началникот Горан Грујевски, во поранешниот aероклуб спроти гимназијата „во центарот на градот бил инсталиран систем за прислушување, поврзан со „најс“ системот во Петтата управа на МВР. Ова го кажа во сведочењето во „Тврдина-Таргет“ новиот сведок, инженер во УБК, Сашо Трајковски.

Покрај овие локации, тој рече дека и во просторија кај базенот во Аеродром биле инсталирани комјутери кои наводно служеле само за маркирање.

„Имаше и план наводно да се пристспува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало“– кажа сведокот.

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО со сослушување на Трајковски. Тој изјави дека во УБК се прислушувало незаконски и дека само еднаш видел судски налог. Според него и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски имале компјутери кои биле поврзани со еден од системите за прислушување „најс“.

„Постоеше група на корисници која се викаше „ВАЖНО“ каде имаше тројца корисници. Можевме да видиме дека се пристапува од канцелариите на директорот на УБК и началникот на Петтата управа“, вели Трајковски.

Преку три системи за следење на комуникациите во УБК, според обвинението во периодот од 2008 до 2015 година незаконски се следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не се издадени судски наредби.

Можеби ќе ве интересира

И ВЕЧЕРВА ТЕШКО СЕ ДИШЕ: Куманово и Тетово најзагадени

И ВЕЧЕРВА ТЕШКО СЕ ДИШЕ: Куманово и Тетово најзагадени

(ВИДЕО) ГИ БРКА ОД ЗЕМЈАВА: Човек снима и навредува Кинези во Скопје поради коронавирусот

(ВИДЕО) ГИ БРКА ОД ЗЕМЈАВА: Човек снима и навредува Кинези во Скопје поради коронавирусот

Две лица се приведени за лажната дојава за подметната бомба во Сити мол

Две лица се приведени за лажната дојава за подметната бомба во Сити мол

Почина скопјанец кој се заразил со маларија

Почина скопјанец кој се заразил со маларија

Полицијата го бара лицето кое пријавило дека има бомба во Сити мол

Полицијата го бара лицето кое пријавило дека има бомба во Сити мол

СТРАВУВААТ ДЕКА ЕУ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ: Европјаните се против проширување

СТРАВУВААТ ДЕКА ЕУ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ: Европјаните се против проширување

НЕМА СПАС ОД КАМАТИТЕ И ДОЛГОВИТЕ - СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира законот

НЕМА СПАС ОД КАМАТИТЕ И ДОЛГОВИТЕ - СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира законот

СВЕДОЦИ КАЖАА: Боки 13 купувал мебел, но не го платил

СВЕДОЦИ КАЖАА: Боки 13 купувал мебел, но не го платил

Сити мол: Нема повредени, сите се безбедни, евауацијата траеше околу пет минути

Сити мол: Нема повредени, сите се безбедни, евауацијата траеше околу пет минути