28 Март, 2024
0.0481

Од камен прават хартија: Спасуваат многу дрвја и трошат помалку вода

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Дали е можно да се направи хартија без дрво? Овој проблем е актуелен долги години и од економски но и од еколошки причини.

Размислувајќи за решение, австралиските претприемачи Кевин Гарсија и Џон Ци поминаа една година во потрага по алтернативни материјали што можат да бидат направени од хартија.

„Што ако најдевме нов начин да направиме хартија што повеќе одговара на околината“, се прашувал Гарсија, а потоа прочитал текст за компанија во Тајван која израбитува хартија од камен и тоа го инспирирало да го стори истото.

И така, во 2017 година, тие ја лансираат компанијата Карст Стоун Пајперс, во која произведуваат хартија без дрво, вода или штетни хемикалии. Основниот материјал е градежен и индустриски отпад.

Гарсија проценува дека во 2019 година, нивната компанија помогнала во заштеда на 540 стебла на дрвја, 83.100 литри вода и спречила ослободување на 25.500 кг. јаглерод диоксид.

„Собираме отфрлен варовник каде и да може да го најдеме, го миеме и мелеме во фин прав“, раскажал тој.

Прашокот се меша со HDPE (полиетилен со висока густина), смола што може да се компостира или да се распаѓа, што значи дека со тек на време се распаѓа од сончева светлина, оставајќи зад себе само калциум карбонат, пренесува CNN.

Околу 90 проценти од смесата е калциум карбонат, а останатите 10 проценти е смола која со прашокот ги врзува заедно. Смесата во форма на паста потоа се претвора во ролни, се загрева и се става низ големи валјаци за да се претвори во тенки листови хартија.

Емисиите на јаглерод во овој процес се 67 проценти пониски отколку кога се прави хартија од дрво.

Резултатот е да се добие водоотпорна хартија, која тешко се кине и може да се рециклира.

Тие главно ги продаваат своите производи преку нивната веб-страница, но можат да се најдат и во 100 продавници, главно преку Австралија, Соединетите држави и Велика Британија.

„Над 70 проценти од нашите клиенти се од САД“, вели Гарсија.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка