20 Април, 2024
0.0289

ОД ФАРСКИТЕ ОСТРОВИ ЗА ФАКТОР: Немаме ниту еден починат од коронавирус, туризмот се врати во нормала

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Фарските острови се една од земјите во светот каде засега нема ниту еден починат од коронавирусот.

Досега се регистрирани 188 случаи на заразени, и сите се oздравени. Активни случаи нема. Во земјата се направени 17,468 тестови за Ковид -19.

Сузана Соренсен, која работи на туристичка промоција на земјата вели дека имале добар одговор на пандемијата, а туризмот се врати во нормала.

„За среќа имавме добар одговор на избувнувањето на Kовид-19. Од првиот позитивен пациент, фокусот беше ставен да се утврдат сите со кои заразеното лице било во контакт и да ги испратат тие лица во карантин 14 дена. Владата и здравствените власти се држат до оваа стратегија од првиот ден. Немаме активни случаи од средината на април и откако Фарските острови повторно се отворија за патување, сите треба да бидат тестирани и да бидат во карантин додека резултатот не биде подготвен, обично во рок од 12 часа. Не сме носеле маска, но ги следевме препораките за хигиена, и да, многумина се плашеа и побараа Фарските острови да останат затворени, така што не добиваме нови случаи. Сепак, политичарите сакаа повторно да ја отворат земјата, исто така затоа што голем број луѓе патуваат во странство за работа, а некои и на медицински лекувања, па затоа се отворија, но тестот е услов“, вели Соренсен.

Додава дека од 15 јуни се отворени за странци, веќе имаат туристи и тоа е добро.

„Највеќе туристи имаме од Данска и од другите нордиски земји“, рече Соренсен.

Малите Фарски Острови со помалку од 50.000 жители, се наоѓаат некаде на пола пат помеѓу Норвешка и Исланд. Тие се мошне интересен архипелаг од островчиња кој ги меѓепсува посетителите со своето беспрекорно зеленило.

Во текот на годината Фарските Острови ги посетуваат околу 100.000 туристи.

Земји каде нема починати од коронавирусот се и Лесото, Бутан, Уганда, Француска Полинезија, Источен Тимор, Фиџи, Лаос, Доминиканската република и други.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница