Тестот не треба да биде постар од 48 часа, а за деца до 12 годишна возраст не е потребен. Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи.
Од денеска Македонците со тестови во Црна Гора и Србија
Објавено во: Македонија 15 Август, 2020
Резидентите од САД, Србија, Северна Македонија, Албанија, БИХ и Косово од синоќа на полноќ можат да влезат во Црна Гора со ПСР тест или ЕЛИСА серолошки , не постар од 72 часа, објави Националното координативно тело за инфективни болести на таа земја утрово..
Во период од 15 дена пред влегувањето во Црна Гора не смее да се престојува во ниту една од земјите од кои не е дозволен влез во Црна Гора. Обврската да се изврши тестот не се однесува на деца до пет години.
Од денеска за граѓаните на Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија задолжителни се ПСР тестовите со коронавирусот за влез во Србија.