Од денеска бензините со повисоки цени
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2020
Од изминатата вечер на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар и со тоа малопродажните цени ќе бидат следните: ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,00 ден/лит.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,05 отсто.
Одлуката следува како резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтени деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 2,574 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 1,568 проценти, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 1,881 отсто и кај мазутот зголемување e во просек за 2,459 отсто.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,175 отсто.