06 Октомври, 2022
0.0236

Oбвинителството отвори истрага за грабнување на бебе во Скопје

Објавено во: Македонија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче старо само седум дена. На родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар. Во Градскиот трговски центар тие ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење, по што таа се оддалечила со него. Со такси тргнала кон Ѓорче Петров, а потоа и кон нејзиниот дом, каде полициски службеници успеале да ја пронајдат и лишат од слобода. Со ваквите дејствија осомничената ги спречила родителите да бидат со своето новороденче повеќе од четири часа, а предизвикала и опасност за загрозување на здравјето на бебето“, стои во соопштението. 

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничената, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и страв дека ќе се обиде да ги прикрие трагите на кривичното дело и да ја попречува истрагата.​​

Можеби ќе ве интересира

На бугарскиот министер Милков му пречи што Гимназија во Скопје се вика Јосип Броз Тито

На бугарскиот министер Милков му пречи што Гимназија во Скопје се вика Јосип Броз Тито

Му се заканиле и го натерале да потпише испратници за 38.000 евра

Му се заканиле и го натерале да потпише испратници за 38.000 евра

Лица од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга се најдоа на „црната листа“ поради војување во Сирија

Лица од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга се најдоа на „црната листа“ поради војување во Сирија

Маж и жена од Кочани завршија во болница откако јаделе печурки

Маж и жена од Кочани завршија во болница откако јаделе печурки

Непознат сторител го вандализирал македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград уште пред да биде официјално отворен

Непознат сторител го вандализирал македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград уште пред да биде официјално отворен

Жан Митрев покрај одземениот пасош, дал и гаранција од милион евра

Жан Митрев покрај одземениот пасош, дал и гаранција од милион евра

Лидија Димова: Премиерот има интерес за отворање нов универзитет, а другите се разбираат само во финансии

Лидија Димова: Премиерот има интерес за отворање нов универзитет, а другите се разбираат само во финансии

Заедно можеме повеќе

Заедно можеме повеќе

ВМРО-ДПМНЕ му ги предаде контактите на Бектеши

ВМРО-ДПМНЕ му ги предаде контактите на Бектеши