28 Март, 2024
0.0510

Нуриел Рубини: Играње со оган

Објавено во: Свет 02 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

  Париз – Финансиските пазари се надеваат дека глобалниот економски и геополитички пејзаж нема да се влоши од јули, или дека ако се влоши, централните банки ќе бидат подготвени да ги спасат економиите и пазарите со дополнителни мерки за ликвидност и 1-квантитативно олеснување. Значи, не само што добрите, односно подобрите од очекуваното вести, ги поттикнаа пазарите, туку дури и лошите вести беа добри бидејќи ја зголемија веројатноста централните банкарски пожарникари како претседавачот со американските Федерални резерви Бен Бернанке и претседателот на Европската централна банка Марио Драги, да ги преплават пазарите со кофи пари. Но пазарите што растат и на добри и на лоши вести не се стабилни. 2-„риск-оф“ епизодите кои го скиселуваат расположението на инвеститорите сигурно ќе се повторат ако се влошат економските вести и ако опадне довербата во ефективноста на креаторите на политики. Во Еврозоната еуфорично беше примена одлуката на ЕЦБ да даде поддршка со потенцијално неограничено купување на обврзниците на земјите во неволја. Но потегот не ја смени играта, туку само им купи време на политичарите да ги имплементираат строгите мерки неопходни за решавање на кризата. А политичките предизвици се обесхрабрувачки: рецесијата во Еврозоната се продлабочува додека продолжуваат 3-front loaded фискална консолидација (фискалната консолидација со провизии) и строгата рационализација на кредитирањето. И како што се балканизираат европските банки и пазарите на јавен долг, сѐ потешко ќе биде воспоставувањето банкарска унија, фискална унија и економска унија додека истовремено продолжуваат макроекономските политики кои ќе ги вратат растот, надворешната рамнотежа и компетитивноста. Дури и поддршката на ЕЦБ не е јасна. Монетарните соколи – Бундесбанката и уште неколку клучни централни банки – кои беа загрижени за новиот мандат од отворен тип на ЕЦБ, успешно се изборија за строги и ефективни услови за земјите кои имаат полза од купувањето обврзници. Така, тие може да го притиснат прекинувачот на програмата ако не се исполнат нејзините строги критериуми. Освен тоа, Грција би можела да излезе од Еврозоната во 2013, пред да бидат успешно оградени Шпанија и Италија; Шпанија, како и Грција, запаѓа во рецесија и можеби ќе ѝ биде потребен комплетен пакет за спас од „тројката“ (ЕЦБ, Европската комисија и ММФ). Во меѓувреме, заморот од мерките за штедење во периферијата на еврозоната сѐ почесто се судира со заморот од помагање во центарот. Тогаш не е ни чудо тоа што Германија, политички во неможност да изгласа повеќе ресурси за пакетите за спас, ѝ ја префрли таа работа на ЕЦБ, единствената институција која може да ги заобиколи демократски избраните парламенти. Но повторно, обезбедувањето ликвидност без политика за брзо воспоставување на растот, само ќе го одложи, но нема и да го спречи распадот на монетарната унија, кој на крајот ќе ја урне економско-трговската унија и ќе доведе до уништување на единствениот пазар. Последните економски податоци од САД, вклучувајќи го и слабиот пазар на трудот, потврдуваат дека растот е анемичен, а аутпутот во втората половина од 2012 најверојатно нема да биде многу поголем од годишната добивка од 1,6% забележана во периодот јануари-јуни. А со оглед на политичката поларизација и политичкиот ќорсокак, можеме да очекуваме уште повеќе борби за буџетот и за плафонот на долгот, уште еден пад на рејтингот и непостигнување договор на патот кон среднорочна фискална консолидација и одржливост, без разлика на тоа дали претседателот Барак Обама ќе биде реизбран во ноември. Спротивно на тоа, би требало да очекуваме договор само на патот на помал политички отпор: избегнување на тешки фискални одлуки додека не се разбудат 4-bond vigilantes, 5-spike long rates и насилно фискално подесување на политичкиот систем.   Во Кина, тешкото економко слетување е сѐ поверојатно како што се издишува инвестицискиот меур и се намалува нето извозот. Во меѓувреме, се одложуваат неопходните реформи за намалување на штедењето и зголемувањето на приватното трошење. Исто како и во Европа и во САД, најлошото во 2012 може да се избегне само ако се шутне каменот по патот со повеќе монетарни, фискални и кредитни стимулации. Но тешкото слетување е поверојатно за 2013, кога ќе се намалат стимулациите, ќе се зголемат непродуктивните заеми, 6-the investment bust accelerates ќе забрза пропаѓањето на инвестициите и проблемот со 7-rolling over преметнувањето на долговите на провинциските влади и нивните специјални инвестициски механизми веќе нема да може да биде испеглан. А со оглед на внимателноста на новото водство додека ја воспоставува својата власт, реформите ќе се одвиваат со темпо на полжав, правејќи го поверојатен социјалниот и политичкиот немир. Во меѓувреме, Бразил, Индија, Русија и другите економии во подем ја играат истата игра. Повеќето не се прилагодија на намалениот простор за раст на извозот поради слабостите на напредните економии и повеќето ги одложија структурните реформи неопходни за поттик на развојот на приватниот сектор и раст на продуктивноста, додека прифатија модел на државен капитализам кој наскоро ќе ги открие своите ограничувања. Значи, неодамнешното забавување на растот на пазарите во развој не е само циклично, што се должи на слабиот раст или на самата рецесија во напредните економии, туку е и структурно. Слично треперење е очигледно и на геополитичкото ниво. Големите светски сили сѐ уште се обидуваат со преговори и санкции да го натераат Иран да се откаже од напорите да развие нуклеарно оружје. Иран, пак, игра на време и се обидува да влезе во зоната на имунитет. До 2013, Израел кој, праведно или неправедно, гледа на иранската нуклеарна програма како на егзистенцијална закана, и/или САД, кои одбија да го зауздаат нуклеарен Иран, можеби ќе одлучат на напад, што ќе доведе до војна и огромен скок на цените на нафтата. Во коренот на проблемот се неефективните влади со слабо водство. Во демократиите, повторувањата на изборите водат до краткорочни политички одлуки. Во автократиите како Кина и Русија, водачите им се опираат на радикалните реформи кои ќе ја нагризат моќта на вкопаните лобија и интереси и на тој начин ги потпалуваат социјалните немири додека гневот против корупцијата и лихварството не зоврие во протест. Но, како што сите го шутираат каменот по патот, тој станува сѐ потежок - и во големите пазари во подем и во напредните економии - каменот се приближува до ѕид од цигли. Политичарите можат или да се удрат во ѕидот или да покажат лидерство и визија неопходно за негово безбедно уривање.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин