Новиот директор на Светска банка „ќе скенира“ во Македонија
Објавено во: Финансии 11 Март, 2019
Новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе, денес и утре „ќе ја скенира“ ситуацијата во Македонија, по што се можни нови планови за соработка.
Домаќин ќе му биде министерот за финансии Драган Тевдовски, а ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и други министри од Владата.
Кун Дејвидсе на функцијата прв човек на Светска банка стапи од ноември 2018 на местото на Френк Хемскирк.