19 Јануари, 2025
0.0284

Новиот бестселер „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за инстант-бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, кој влезе и во изборот на клубот на читатели на „Добро утро Америка“. Магазинот „Ел“ објави дека „оваа духовита, ром-ком книга е идеално четиво за на плажа“. Дека е книга што ќе се чита ова, но и уште многу други лета, зборуваат и позитивните коментари на критичарите и читателите.
„Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее.
Ема не планира дека нејзиното следно задолжение како патувачка медицинска сестра ќе биде во Минесота, но таа и нејзината најдобра пријателка се согласуваат дека запознавањето со Џастин е повеќе од добра прилика, особено што имаат можност да изнајмат преслатка колиба на приватен остров на езерото Минетонка.
Се очекува да биде кратко пријателство, само за летото. Но, кога се појавува токсичната мајка на Ема, а Џастин мора да преземе грижа за своите малолетни сестри и брат, одеднаш се справуваат со многу повеќе од очекуваното – вклучувајќи ги и вистинските чувства еден за друг. Што ако овој пат судбината навистина ги спојува сродните души?

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

*пр-објава

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ