19 Април, 2024
0.0284

Новини во оданочувањето на добивката

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во собраниска процедура се наоѓаат измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“, бр. 112/14...232/19).

Со предложените измени и дополнувања е пристапено кон реализација на едно од барањата на Стопанската комора на Македонија за допрецизирање на статусот на коморите за цели на данокот на добивка. Имено, стопанските комори согласно закон се непрофитни организации, а во досегашните одредби на Законот за данокот на добивка не беше прецизирано само дека организациите регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации не се обврзници за данок на добивка, што упатуваше на нееднаков третман на различните непрофитни организации и создаваше проблеми во практичното функционирање на истите.

Со предложените одредби во законот кој е во собраниска процедура се појаснува дека здруженијата на граѓани и фондации како и нивните сојузи и други облици на здружување или поврзување, стопанската интересна заедница, политичките партии, верските заедници, религиозните групи, македонскиот Црвен крст, здруженијата на странци, странските и меѓународните невладини организации, хуманитарните организации и здруженија, синдикатите, коморите и други правни лица кои се основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, не се обврзници за данок на добивка.

Доколку во рамките на непрофитното делување овие организации остварат приходи од вршење стопанска дејност поголеми од 1.000.000 денари, тие ќе станат обврзници за плаќање данок на вкупен приход. Во тој случај, истите ќе платат данок во висина од 1% од износот на остварените вкупни приходи од вршење стопанска дејност во календарската година, на износот кој надминува 1.000.000 денари.

Со ова решение сите непрофитни организации добиваат ист даночен третман.

Во однос на останатите решенија кои се предвидени со овој закон вредно е да се истакне дека како непризнаени расходи ќе се сметаат надоместоците на трошоците за хотелско сместување во износ над 6.000 денари дневно по лице и надоместоците на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот, доколку истите не се документирани, како и надоместокот за практикантска работа над износите пропишани согласно Законот за практикантство и надоместокот за практична обука на ученици и практична настава на студенти во износ над 8.000 денари месечно. Истото, во практика значи дека трошоците за хотелско сместување во износ до 6.000 денари дневно по лице и надоместоците на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на неговата дејност, како и надоместоците за практикантска работа до износите пропишани согласно Законот за практикантство и за практична обука на ученици и студенти во износ до 8.000 денари месечно, се признат расход за цели на данокот на добивка.

Исто така, со законот се уредува правото на даночен кредит, односно правото на намалување на даночната основа за износот на трошоците за амортизација кои во претходни периоди претставувале непризнат расход согласно примената на амортизационите стапки утврдени со номенклатурата на средствата за амортизација.

Со измените и дополнувањата на Законот се предвидува продолжување на рокот за поднесување на извештајот за трансферни цени, односно наместо даночните обврзници да имаат обврска истиот да го поднесат заедно со даночниот биланс до 28 февруари/15 март во годината, тоа да го сторат до 30 септември. Обврска до Управата за јавни приходи да доставуваат извештаи за трансферни цени немаат поврзаните лица резиденти на нашата држава за трансакциите помеѓу нив, ниту обврзниците кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ до 300.000.000 денари.

Останатите одредби од измените и дополнувањата на Законот се однесуваат на  допрецизирање на одредбите кои го уредуваат правото на даночен кредит, регулирање на обврската за плаќање на данок во случај на пренесување на ревалоризационите резерви за материјални и нематеријални средства во акумулирана добивка, како и на усогласување на прекршочните одредби со новиот закон за прекршоците.


Извор: Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година