25 Април, 2024
0.0311

Нови СУПЕР лебови за СУПЕР навики од Жито Лукс

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Жито Лукс на пазарот лансираше нова категорија на лебови со висока нутритивна вредност. Користејќи супер состојки (познати како super foods) како што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант, понуден е асортиман од 3 нови лебови кои се вистински избор за избалансирана и здрава исхрана. Правени по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, новите лебови дополнително се збогатени со супер  семки, зрна, житарки  и маслиново масло за уникатно богат вкус.


„Правилниот начин на исхрана станува се поприоритетенво исхраната на граѓаните. Затоа Жито Лукс постојано пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната, стремејќи се да обезбеди здрав оброк кој истовремено ќе има и одличен вкус. Направени по уникатна рецепура, со минимално процесирани состојки, новите лебови содржат природни и здрави супер состојки, а истовремено не содржат, конзерванси, вештачки бои, додадени шеќери и палмино масло. Различни по форма и структура од сите останати во нашиот асортиман, новите лебови во вистинска смисла на зборот претставуваат супер лебови за супер навики“,вели Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.


Интегралниот леб со супер семки - чија и тиква претставува одлична комбинација за избалансиран појадок бидејќи чијата претставува богат извор на омега 3 киселини, антиоксиданси и растителни влакна, а семките од тиква се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли.

Интегралниот леб со супер житарки -  е направен  со изртена спелта и овес. И’зртената спелта  му дава посебна  карактеристика бидејќи за разлика од обичната пченица, таа е побогата со протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали.  И’зртениот овес содржи значајна количина на квалитетни протеини, незаситени масникиселини, растителни влакна (бета-глукани), фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер. Токму комбинацијата од овие „супер житарки“ го прават овој леб вистински избор за енергичен оброк.


Хељдата како природен извор на полифеноли, фитостероли, диететски влакна, витамини, минерали како и антиоксиданси и незаситени масни киселини, во комбинација со амарантот кој е извор на висококвалитетни протеини, го прават Интегралниот леб со супер зрна - хељда и амарант, совршен за здрава и вкусна исхрана.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка