25 Април, 2024
0.0733

НОВИ ПУНКТОВИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: И во поликлиниката Ѓорче Петров ќе се прават ковид-тестови

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ ќе почне да функционира уште еден пункт за тестирање од корона вирусот, потврди за Фактор, директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски. Вели дека во тој реон на Скопје гравитираат дури околу 170.000 луѓе, а најблискиот пункт до сега функционира во центарот на главниот град, односно во поликлиниката Идадија.

-Се е подготвено во поликлиниката „Ѓорче Петров“. Сметаме дека треба да отпочне со работа и овој пункт каде ќе се прават ковид-тестови, бидејќи во овој дел на главниот град има огромен број популација. Ќе им биде многу поблиску на граѓаните од Сарај, Влае, Ѓорче Петров и другите населби...Целосно е опремен со комјутери, потребна апаратура, помина и инспекција за да се направи увид дали се запазени сите протоколи, вели д-р. Исјановски.

Тој нагласува дека доколку има потреба ќе се отвори и пункт во поликлиниката Драчево. Инаку, за сега функционираат лабораториите за тестирање во здравствените установи „Јане Сандански, Идадија, во Чаир и во Ченто.

Тимовите кои земаат брисеви од суспектни граѓани на Ковид-19 се од Центарот за јавно здравје на Град Скопје, но тие сега се засилени дополнителен кадар, односно со лаборанти од Здравствен дом Скопје.

-Во време на корона кризата секаде има потреба од дополнителен кадар, екипите се заморени по четиримесечна постојана работа на терен. Секаде се прават ротации за да можат малку да се одморат. Тимовите од Центарот за јавно здравје кои ги вршат тестирањата сега се засилени со лаборанти од Здравствен дом Скопје, вели д-р. Исјановски.  

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот