24 Април, 2024
0.0269

НОВИ ПЕРЈАНИЦИ И СТАРИ ЛИКОВИ - кои се сигурните партиски играчи на листите

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Далеку од очите на јавноста партиите го кројат пратеничките листи. 

Во таборот на опозицијата има и стари и нови ликови. 

Дефинитивно новина е појавата на сега разрешената министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, за која се зборува дека би можела да биде носител во Втората изборна единица. 

Таа деновиве е исклучително активна на терен на средбите со граѓаните, и има нагласено патриотски настап, што значи дека партијата повторно ќе игра на оваа идеја водилка во својата кампања. 

Единицата е засега најблиска до професорката и поранешен претседателски кандидат на оваа партија, Гордана Сиљановска, но некои извори не исклучуваат на ова место да дојде и Мизрахи. Додека, пак, за двојката, силно бил заинтересиран потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт, Владо Мисајлоски.

Како предводник на тројката наводно би истрчал Игор Јанушев, генералниот секретар на партијата. 

За Четвртата изборна единица, пак, најголеми шанси му се даваат на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и една од „перјаниците“ на партијата, Александар Николовски, со што тој практично би му се спротивставил на лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев. 

За петката и шестката уште не биле искристализирани ликови. Упатени кругови велат дека на листите, и тоа во погорните места, сигурно ќе се најде пратеникот Антонијо Милошоски. Сознанијата велат дека на списокот ќе се појави, но не како носител, и пратеникот Влатко Ѓорчев, а помалку изгледите биле на страната на Илија Димовски.

Во СДСМ засега партиските кулоари за единицата предност и даваат на Мила Царовска, поранешна министерка за труд а сега вицепремиерка за економски прашања. 

Двојката е веќе резервирана за Оливер Спасовски, технички премиер и силна партиска фигура во СДСМ.

Во Третата изборна единица како носител треба да истрча Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата, и еден од најсилните работници на терен, како што го опишуваат партиски извори.

Четворката е определена за Зоран Заев, лидер на партијата и поранешен премиер, кој претендира повторно да седне во премиерското столче, доколку неговата партија ја добие довербата од граѓаните и успее да формира Влада. 

За шестката се зборува дека носител ќе биде од редовите на Албанците, но треба да се прецизира дали и со каква предизборна коалиција би се одело. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП