23 Април, 2024
0.0271

НОВИ НАУЧНИ СОЗНАНИЈА: Сите кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 прво треба да направат две работи

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Нова научна студија открива дека секој што сака да се вакцинира против корона вирусот треба да направи две работи пред вакцинацијата, што наводно може да ја подобри ефикасноста. Оваа студија, која треба да биде објавена во „Perspectives on Psychological Science“, укажува на тоа дека две многу чести состојби денес, стресот и депресијата, можат да го намалат имунолошкиот одговор на вакцината за коронавирус и да доведат до помал имунитет кон вирусот. Од друга страна, експертите од Универзитетот во Охајо, кои ја спроведоа студијата, открија дека постојат две активности кои можат да го зголемат имунолошкиот одговор, дури и кај луѓето кои страдаат од депресија и хроничен стрес, а тоа се спиењето и вежбањето, пишува Bestlifeonline.

„Да, можно е да се направат едноставни работи и да се подобри првичната ефикасност на вакцината“, објаснува Џенис Киколт Глејзер, една од авторите на студијата и директор на Институтот за бихевиорално медицинско истражување на Универзитетот во Охајо.

Авторите на студијата препорачуваат секој што планира да се вакцинира, треба да се потруди да си обезбеди доволно квалитетен сон пред вакцинацијата, како и да се посвети на некоја силна физичка активност 24 часа пред да ја прими вакцината.

-Добриот сон е поврзан со генерирање успешен одговор на други вакцини, вклучувајќи ги и оние за грип, но исто така и за хепатитис од типовите А и Б“, тврди д-р Спенсер Крол, специјалист по интерна медицина.

-Од друга страна, недоволниот сон може да доведе до осцилации во имунолошкиот процес, што е важно за производство на антитела, посочува Крол.

Физичката активност во периодот пред вакцинацијата може да помогне во зајакнување на вашиот имунитет по вакцинацијата, тврди лекарот.

-Враќањето на здрав начин на живот, што вклучува кардио вежбање, добар избор на храна и повеќе сон, им помага на пациентите да изградат подобар имунолошки одговор кога станува збор за борба против вирусната инфекција и кога станува збор за имунолошкиот одговор на вакцинацијата, појаснува Крол. 


Можеби ќе ве интересира

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците