НОВИ ЦЕНИ: Еве за колку ќе точите бензини оваа недела
Објавено во: Економија 13 Април, 2021
Од полноќ почнаа да се точат горива по нови цени. Цените на бензините забелжаа мал пад , додека цената на дизелот остана непроменета.
Имено, ако возите кола на бензин од денес ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе точите за 67,00 денари по литар додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69,00 денари.
Дизелот по најновата одлука на РКЕ не забележа промена во цената, па дизелашите неделава ќе точат дизел за 58,00 денари.
Регулаторна комисија за енергетика за една недела три пати донесе нова одлука за промена на цените.
Што се однесува пак до цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) тоа ќе се продава за 57,50 денари.