24 Април, 2024
0.0290

Нови бомби: Објавени нови разговори со гласовите на Јанушев и Јанакиески

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

На Јутуб каналот „Обнова на режимот“ повторно се објавија аудио-разговори за кои се тврди дека гласовите се на Игор Јанушев, актуелен носител на пратеничката листа во изборната единица три и на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. 

Се работи за пет разговори кои се именувани како „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“, „Уништување документи Игор Јанушев“.

Според комуникацијата, може да се заклучи дека се разговара за организирање на летови, а се споменува и сума од 190.000 евра. Се споменува италијанскиот град Тревизо, а индициите се дека се работи за наводно носење на гласачи.

Во првата снимка се слуша договор за организирање на летови, за како што велат „нашите“ од Италија и Цирих, додека во вториот се зборува за тоа колку ќе изнесува цената за да се резервираат авионите, но и колку патници ќе можат да пренесат.

Во третиот разговор Јанакиески и Јанушев споменуваат дека вкупната цена за летовите ќе биде 190 илјади евра. а четвртиот е за термините кога ќе ги донесат патниците, а кога да ги вратат назад.

Во последниот разговор, наводно Јанакиевски го прашува Јанушев дали средиле се со документите и картите на што Јанушев одговара „Да, да, средивме се, кај Наде ги оставивме, требаше да ги уништат“.


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти