20 Април, 2024
0.0278

Нови бомби: Милошоски и Јанкулоска договараат сообраќајка

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Не престанува објавата на нови телефонски разговори. Денеска на јутјуб каналот „Обнова на режимот“ беше споделена снимка од телефонски разговор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за пратеник во петтата изборна единица. Во разговорот тие зборуваат за сообраќајка и блокада на пат во близина на Кичево.

Во дел од разговорот велат:

Г.Ј: Ало, Тони можеш да збориш?

А.М: Да, да, можам.

Г.Ј: Слушај, во првиот авион се повеќето према Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи, му реков на Миле, најверојатно контактирал он и со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот.

А.М: Види, може и тоа, ама тие ќе дојдат до павилјонот и ќе ги преземат со коли.

Г.Ј: Ако, ние ќе ги задржиме колку што може. Значи, не можеш ти да ги држиш од 4 до 7. Зашто ги фаќа нервоза. Тој командирот на аеродром е нивни, значи рачно прегледуваат, ама овој им виси над глава. На секој полицаец му виси над глава, знаеш дополнителен притисок…

А.М: Царината може нешто да направи?

Г.Ј: Не знам за царината толку. Ние ги замоливме, колегијално да направат. Значи, во нашиот дел го исклучивме системот, рачно оди, ама не можеш до бесвест, сто луѓе се, имаш 10 полицајци таму. Еден ќе стане, до ве-це, ваму-таму, ама пак е ограничено. Од 5 до 5:30 царината да ги проматка, багажи ова, она…Оти првиот авион се стружани, колку и да ги држиш ќе стасаат, и пешки да тргнат. Сега за вториот авион зборам. Ние малку, сообраќајката, малку нешто друго…

А.М: Да, од сѐ по малку.

Г.Ј: Оти ќе имаме политички проблем, ќе почнат кај премиерот. Вака, малку по малку.

А.М: Знам, знам.

Г,Ј: И тоа да е поблиску некаде до Кичево, зашто они колите од Кичево им се пратени и паркирани се пред аеродром.

А.М: Да, кај што е некое потесно грло.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра