Новата ковид мапа покажува колку е лоша состојбата со коронавирусот во Европа
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2022
Германија, Франција, Италија, Шпанија, Португалија, скандинавските земји, Грција, Словенија, Хрватска, Бугарија се во темно црвена боја на ковид мапата. Новата ковид мапа покажува дека Европа е со многу лоша епидемиолошка состокба. Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа.
Само Полска, Романија и Унгарија се за нијанса подобри од другите земји.
Скоро цела Европа е во иста, темноцрвена боја, со неколку исклучоци. Картата на коронавирусот покажува 14-дневна инфекција на 100.000 жители и на тој начин ги рангира регионите на одделни земји според степенот на ризик.