19 Април, 2024
0.2383

Новата Breitling Chronomat колекција грми по пистите

Објавено во: Стил 25 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата оваа година го спречи пролетното шоу за презентација на новитети во часовничарската индустријата, па Брајтлинг прифати еден се попопуларен пристап за откривањето на своите новини од 2020 година: Швајцарскиот бренд  одржа свој прв веб-самит, 18-минутна дигитална прес-конференција, организирана од извршниот директор George Kern и со одлични моменти од трите најнови колекции на брендот прошарани со видеа од убавата екипа на брендот на славни актери и спортски амбасадори.

„Треба да останеме во контакт со љубителите и фановите на часовниците низ целиот свет - ова е причината зошто го правиме објавувањето“, рече Kern.

Тој додаде дека производите наскоро ќе бидат достапни на Breitling.com, но и на веб-страниците на нејзините партнери за малопродажба.

Брајтлинг Новитети II дел:

Новата Breitling Chronomat колекција грми по пистите

Првиот Breitling Chronomat дебитираше во 1948 и инстантно ја напиша историјата како прв авиатичарски часовник со инкорпориран логаритмар (slide-rule bezel) што сега е препознатлив белег на Breitling Navitimer.

Кога Chronomat-от беше воскреснат после долго отсуствување, во 1984, на 100 годишниот јубилеј на Breitling, беше суштински редизајниран и како таков стана дел од збирката на секој сериозен колекционер на часовници. Баш овој механички пилотски хронограф е инспирација на најновата ера на Breitling која започна во 2017 година.

Во продолжение краток синопсис на најновата, штотуку откриена Chronomat2020 колекција:

Breitling Chronomat B01 42 Frecce Tricolori Лимитирана едицијa

Развиен за познатата Италијанска Frecce Tricolori акробтска група , Chronomat- от од 1984 јасно е под влијание на авијатичарскиот стил, како и многу други модели на Breitling , но исто така одговара и на фановите на авто трките со својата тахиметарска скала како и на јахтинг ентузијастите со своите 15 минутни поделоци на ротирачкиот безел кој лесно се поставува да одбројува.

Breitling Chronomat B01 42 со сребрен бројчаник и црни подбројчаници.

Со своето 42 милиметарско куќиште изработено од челик или од 18 каратно розе злато и трокомпонентниот бројчаник организиран со подбројчаници на 3,6 и 9 часот конфигурирано така што според правилата на Breitling ни кажува дека е опремен со свој (in-house) хронографскимеханизам, Брајтлинговиот познат Б01.

Пригодно да се спомене, покрај извонредните атрибути на овој механизам како; познатата архитектура на column-wheel chronograph, COSC сертификати 70 часовна резерва, е дека овој механизам дебитираше  пред повеќе од една декада во Chronomat моделите.

Breitling Chronomat B01 42 Bentley лимитирана едиција

Chronomat B01 42 станува достапен во голем ранг на бои. Еден од моделите кој е во челично куќиште нуди верзии со сребрен,бакарен или син бројчаник. Другиот е од лимитираната едиција произведен како дел од долгогодишната соработка на Breitling со Bentley, има бројчаник во познатата Англиска тркачка зелена боја со црни под-бројчаници и сафирна изведба на задниот капак на кого има Bentley лого.

Breitling Chronomat B01 42 со бакарен бројчаник и црни под-бројчаници

Во полуксузниот крај на оваа колекција на Breitling Chronomat B01 42 , кај еден модел имаме челично куќиште со круна, пушери и главни индекси на безелот од 18 каратно розе злато и сребрен бројчаник. Кај другиот модел пак целиот безел е во розе злато заедно со круната и пушерите и компоненти на злато и челик на новото Rouleaux ремче. Оваа верзија нуди бројчаници во сина или антрацит сива боја со црни подбројчаници.

На најлуксузната верзија златното 18 каратно куќиште со антрацитен бројчаник е  намонтирано на црно кожено, каучуково  или пак на целосно златно ремче.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре