24 Април, 2024
0.0275

Новак: Половина од клиентите на „Гаспром“ отворија сметка за плаќање во рубљи

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот вицепремиер, Александар Новак изјави дека половина од купувачите на природен гас од „Гаспром“ отвориле сметка во „Гаспромбанк“ за плаќања во рубљи.

Во своето обраќање во Москва, Новак го коментираше „системот за плаќање на природен гас во рубљи“, кој го воведе Русија, но предизвикува контроверзии во Европа, пренесува порталот „Н1“.

-  Има 54 големи, средни и мали компании кои имаат договори со Гаспром експорт. Колку што знам, половина од овие клиенти отворија сметка во рубљи. Конечниот список на оние кои прифаќаат и не прифаќаат плаќања во рубљи ќе биде познат во наредните денови - изјави вицепремиерот на Русија.

Новак истакна дека морале да се префрлат на системот на плаќање на природен гас во рубљи за да се обезбедат приходи од извоз.

На 1 април, Русија донесе декрет со кој се предвидува дека земјите „непријатели“ треба да отворат сметки во „Гаспромбанк“ и да ги плаќаат своите нарачки во рубљи.

Зборувајќи за односите меѓу Русија и западните земји во енергетскиот сектор, тој посочи дека гасоводот Северен тек 2 е замрзнат од политички причини.

-  Мислам дека нема да профункционира во блиска иднина поради овие политички причини. Сепак, на европските потрошувачи им требаат евтини извори на енергија со ниска содржина на јаглерод, вклучително и природен гас. Мислам дека ќе има побарувачка за овој проект во иднина - изјави Новак.

Тој рече дека руското производство на нафта е намалено за еден милион барели дневно во април.

-  Но, во мај го зголемивме производството за 200 до 300 илјади барели дневно“ – објасни Новак, и истакнал дека американското производство на нафта се очекува да се зголеми за еден милион барели дневно оваа година, но дека ова зголемување е помало отколку во минатото.

„Гаспром“ ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија кон крајот на април, откако двете земји одбија да платат во рубљи.

Италијанскиот енергетски гигант „Ени“ во средата објави дека процесот на отворање сметка во „Гаспромбанк“ е започнат без промена на актуелните договори. Од „Ени“ наведуваат дека тоа го направила на еднострано барање на „Гаспром“ и во согласност со процедурата за плаќање гас воспоставена од Руската Федерација.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо