29 Март, 2024
0.0252

Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од минатата година е универзален снабдувач  за електрична енергија.  Со подобрувањата ќе се пресретнат барањата на корисниците, особено со дигитализацијата на нови опции  кои досега не беа достапни онлајн.

Досега, ЕВН Онлајн на корисниците им нудеше три одделни услуги:

-  електронска пријава за е-фактура (Формулар за е-фактура)

-  брзо плаќање на фактурите без регистрација на кориснички профил (Плати брзо)

-  проверка на долгови и плаќање на фактурите со регистрација на кориснички профил (досега Е-пункт)

Главната промена се состои во целосната преработка на сервисот за регистрирани корисници -  „Е-пункт“ што сега е преименуван во „Мој ЕВН Хоме“. „Мој ЕВН Хоме“, како интегриран дел од ЕВН Онлајн претставува унапреден кориснички портал за услуги поврзани со плаќањето на фактурите за електрична енергија со респонзивен дизајн. Така, посетителите имаат беспрекорно корисничко искуство без разлика од каков уред пристапуваат.

Отсега, „Мој ЕВН Хоме“ покрај плаќањето фактурите без провизија, ги нуди и следните опции:

-  плаќање на повеќе фактури одеднаш

-  регистрирање на повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил

-  регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили

-  преземање на копии од фактури од последните 12 месеци

-  увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил

Корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН Хоме“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.

Преку „Мој ЕВН Хоме“ корисниците добиваат услуги достапни во секое време и место, едноставни и брзи за користење во само неколку чекори.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија