23 Септември, 2020
0.0596

НОВА ОДЛУКА: Се запира извршувањето до 30 јуни

Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Март, 2020

Се запираат извршните дејствија на извршителите до 30 јуни. 

Ова е нова одлука на Владата. 

Владата денеска донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Според оваа Уредба, Член 2 утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

- Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

- Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;

- Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите  на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со Член 1 на оваа Уредба, односно до 30 јуни 2020 година.

„Основните судови во Република Северна Македонија, се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето врз основа на Член 86 од Законот за извршување, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор врз основа на член 87  од Законот за извршување, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите“, информираат од Владата. 

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Можеби ќе ве интересира

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

Генерали Инвестментс: Инвеститорите немаат вистинска алтернатива

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Битиќи: Се преговара со четири странски инвестиции

Догодина ќе се градат две фотоволтаични електрани во Осломеј: Има заинтересирани компании

Догодина ќе се градат две фотоволтаични електрани во Осломеј: Има заинтересирани компании

Македонската компанија „Настел“ е финалист за престижната меѓународна награда Оскари за градежништво 2020

Македонската компанија „Настел“ е финалист за престижната меѓународна награда Оскари за градежништво 2020

Која банка колку брои?

Која банка колку брои?

Град Скопје со еден потег го премина Центар во задолжување

Град Скопје со еден потег го премина Центар во задолжување