Нова мутација на коронавирусот откриена во соседството
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Април, 2021
Нова мутација на коронавирусот е откриена во соседството.
Две жени од северна Бугарија, се заразени со британската верзија на коронавирусот, кај која е забележана мутација во спајкот на протеинот на вирусот, од кој се замени аминокиселини, информираа бугарските здравствени власти.
Тие веднаш се обратиле до Институтот за молекуларна биологија при Бугарската академија на науките за нивно натамашно секвенционирање, јави дописникот на МИА од Софија. Тодор Кантарџиев, директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести во Бугарија, вели дека се работи за мутација на вирусот што во моментов се набудува. Сепак, додава дека не очекува таа да доведе до тоа што во моментов го загрижува светот – потребата за вакцина или ново лекување.
Во Бугарија од коронавирусот починаа над 14.000 луѓе.foto freepik