Нова можност за одлична работа во туризмот: На Јадранот се отвораат 230 работни места
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2024
Valamar, повеќегодишен врвен работодавец во областа на туризмот и угостителството во новиот Arba Resort на островот Раб во Хрватска отвора повеќе од 230 нови работни места, помеѓу кои дури 60 на неопределено време. Отворени се различни позиции: од менаџерски до стручни позиции, како што се келнери, готвачи и аниматори, а целиот список е достапен на официјалната страница Dobar posao u Valamaru (Добра работа во Valamar).
Отворањето на Arba Resort е предвидено за летото на 2025 година. Летувалиштето ќе биде лоцирано во Суха Пунта, на полуостровот Калифронт, еден од најубавите делови не само на островот Раб, туку и на Јадранот. Летувалиштето цврсто ќе го постави островот Раб помеѓу најдобрите дестинации за семеен одмор на Јадранот, а вредноста на инвестицијата изнесува 54 милиони евра. Новиот хотел ќе има 208 сместувачки единици и ќе може да прими 654 лица.
На Раб, Valamar веќе со години успева да ги пополни сите работни места благодарение на своите надоместоци, условите за работа и атрактивните примања. Во очи на годинешнава сезона, во хотелите и во камповите на Раб беа вработени повеќе од 700 работници. На сите им беа достапни многубројни погодности, како што се можности за работа преку целата година, како и различни поттикнувачки погодности за живеење во рамките на дестинациите.
„Се трудиме континуирано да им овозможиме на вработените сè подобри и поатрактивни услови и примања. Се трудиме да ги разбереме нивните потреби и го следиме пазарот. Вложен е голем труд во обезбедување на општо задоволство, најмногу во поглед на грижата за престојот на вработените, а затоа резултатите се најдобра награда. Веќе со години успеваме, без поголеми тешкотии, да ги пополниме сите сезонски работни места, и тоа пред започнување на самата сезона. Воведовме и нова програма, „Покрив над главата“ со која е овозможен додаток за изнајмување стан во износ од 500 евра. Задоволни се вработените, задоволни сме ние, а на крај, најзадоволни се нашите гости. Arba Resort на Раб им е привлечно место за работа на туристичките работници и ги повикуваме сите што сакаат да остварат кариера во туризмот да му се приклучат на нашиот тим“ - изјави Владо Миш, директор на дестинацијата Раб и советник во Управата на Imperial Riviera, член на групацијата Valamar.
Со својата програма „Живеј на дестинацијата“, Valamar поттикнува работа во текот на цела година и локално вработување. Програмата вклучува низа погодности за работниците кои живеат на дестинациите, а од годинава обезбедени се и дополнителни 400 евра нето за вработените кои живеат на дестинациите или трајно ќе се доселат на истата. Освен тоа, минатата година е воведена програмата „Покрив над главата“, со која на постојаните вработени и на вработените со договор за работа за цела година им е обезбедена можност за додаток за изнајмување стан во месечен износ до 500 евра. Во хотелите, летувалиштата и камповите на Valamar вработените имаат погодности кај 300 партнери, а на Раб вработените најчесто користат попусти за превоз и за спортски активности. Сите заинтересирани можат да ги најдат погодностите на официјалната Facebook страница – Dobar posao u Valamaru (Добра работа во Valamar).
Да потсетиме, во хотелите, летувалиштата и камповите на Valamar во Пореч, Рабац, на островите Раб, Крк, Хвар, како и во Макарска и Дубровник, оваа сезона работеа 8 300 вработени, а и оваа година продолжуваат вложувањата во примањата и наградувањето. Според тоа, примањата за стручните позиции – готвачи, келнери, рецепционери и за низа други позиции, во врвот на сезоната изнесуваа помеѓу 1 400 и 2 000 евра нето, додека собарките, помошниците-готвачи, помошниците-келнери, кујнските работници, послужувачите и вработените на други работни места примаа помеѓу 1 000 и 1 300 евра.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.