22 Јануари, 2025
0.2506

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Денес, 36 американски волонтери на Мировниот корпус во Северна Македонија положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 900 американски граѓани кои служеле како волонтери во нашата земја од 1996 година па натаму. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Северна Македонија соработувајќи со наставници, ученици, и организации. 

На церемонијата присуствуваа амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Министерот за локална самоуправа, Зоран Перински, како и претставници на општините, директори на училишта и други соработници. Присутни беа и семејствата-домаќини на волонтерите со кои живееја 3 месеци за време на обуката и соработниците со кои ќе соработуваат кога ќе ја започнат својата двегодишна служба во сабота, 7ми декември.

„Волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка му го нуди на светот, а што е уште поважно, тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што Северна Македонија му го нуди на светот. Тие градат мостови меѓу луѓето од нашите две држави кои траат со години и продолжуваат да постојат дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба.“, рече амбасадорката Ангела Прајс Агелер.

Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.

„Кога Џон Кенеди го основаше Мировен корпус во 1961, тој побара од Американците да посветат две години од нивните животи да служат за поголема цел, цел за мирен свет и да покажат дух за служба. Повеќе од 240.000 Американци одговорија на неговиот повик за служба. Денеска ќе додадеме 36 нови имиња на таа листа”, изјави директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Дејвид Рисајд.

Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции. 

Можеби ќе ве интересира

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!