19 Април, 2024
0.2364

Нова „бомба“: Николоски и Јанакиески договараат сообраќајна несреќа за да не гласаат Албанци

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, и Александар Николоски, еден од носителите на кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, според нивните гласови во нова аудио-снимка, договараат евентуална симулација на сообраќајна несреќа за да не можат да гласаат етнички Албанци на локалните избори во 2013.

Ова може да се слушне од материјалот објавен на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ а станува збор за постара аудио снимка од телефонски разговор. Според конверзацијата,  Јанакиески му предлага на Николоски да организираат сообраќајна незгода на превојот Пресека на патниот правец Кичево – Охрид. Гласачите претходно требало со два авиони да слетаат на охридксиот аеродром.

„Александар слушај сега, идеја со Горде ја зборевме. Има два авиони Шиптари слетуваат сега во четири-четири и пол. Да направиме една сообраќајна несреќа кај Пресека, ситна. Да се коли, па МВР увид, ваму-таму, трактор да се испреврти, нешто, сериозно ова ти го зборувам“, му вели во еден момент Јанакиески на Николоски.

Николоски ја прифаќа оваа идеја, а замислата е некој член од ВМРО-ДПМНЕ да удри во трактор со возилото, а сето тоа треба да го организира локален организатор од Кичево.



Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени